Научници случајно создадоа ензим кој ја уништува пластиката

- Advertisement -

Американски и британски научници случајно создадоа ензим кој може да ја уништи пластиката, што може да помогне за решавање на глобалниот проблем на тој вид загадување, се вели во една нова студија, а пренесува  N1info.

Повеќе од 8 милиони тони пластика завршуваат во океаните на Земјата секоја година, со што се засилува загриженоста поради токсичноста на тој нафтен дериват и влијанието врз здравјето и животната средина. И покрај напорите за рециклирање, голем дел од пластиката може да опстане стотици години, а научниците поради тоа бараат начини како пластиката најдобро да се уништи.

- Advertisement -

Истражувачи од Велика Британија и од САД вложија напори во испитувањето на бактеријата откриена неодамна во Јапонија под стручниот назив ideonella sakaiensis. Таа бактерија се храни со еден вид пластика која се користи за производство на шишиња.

Јапонските научници веруваат дека таа бактерија би можела лесно да се размножува во центри за рециклирање, но американските и британсктие научници со понатамошни истражувања на бактеријата извлекоа ензим кој без нивно знаење мутирал и станал поопасен за пластиката од  самата бактерија. Научниците, кои сами наведуваат дека и среќата понекогаш игра улога во истражувањата, сега ќе го испитуваат мутираниот ензим, кој во процесот на рециклирање на пластиката може подобро да ја уништи.

Сподели!
- Advertisement -