Три од четири личности веруваат дека апликациите со вештачка интелигенција се следниот голем тренд

- Advertisement -

Вложувањата во когнитивни системи и вештачка интелигенција би требало да достигнат 57,6 милијарда долари до 2021 година. Дека овие прогнози се реални, покажува и истражувањето на SEO платформата BrightEdge според кое три од четири личности веруваат дека апликациите со вакви технологии се следниот мега тренд.

За потребите на истражувањето, биле прашани угледни маркетинг експерти од листата на Fortune 500, а истото било спроведено во февруари оваа година. Тие биле прашани за трендовите кои очекуваат да зајакнат оваа година во однос на дигитализацијата и новите технологии.

- Advertisement -

Персонализацијата за корисниците се гледа како најголем тренд бидејќи целиот маркетинг свет веќе се свртува кон тоа кампањите да се спроведуваат според потребите на корисниците. Оваа персонализација обединува повеќе технологии и дека ова ќе биде најголемиот следен тренд одговориле 28,66% од испитаниците.

На второто место се наоѓа вештачката интелигенција и дури 25,69% очекуваат дека оваа технологија ќе биде следниот мега тренд. На третото место се наоѓа технологијата за гласовно пребарување со 21,23%, која пак исто така може да се базира на вештачка интелигенција.

- Advertisement -

Сите овие три технолошки трендови се темелат на когнитивни системи и вештачка интелигенција и заедно сочинуваат повеќе од 75% од одговорите или 3/4. Од овој процент веќе може да се согледа што најмногу ќе биде во фокусот на дигиталниот свет оваа година.

Друга технологија која исто така многу од експертите ја оцениле со голем потенцијал е мобилната оптимизација, како и некои други технологии какo IoT, блокчеин, виртуелна реалност и проширена реалност.

Сподели!
- Advertisement -