Huawei до крајот на годината ќе го претстави првиот еластичен телефон во светот?!

- Advertisement -

Кинескиот производител на мобилни телефони, наводно, кон крајот на годината ќе го претстави првиот еластичен телефон во светот

Џиновите Samsung, Lenovo, Sony, LG и Apple сите подготвуваат паметни телефони кои навистина ќе можат да се свиткуваат, но се чини дека Huawei ќе може да ги претекне. Така тврди веб порталот ETNews, повикувајќи се на извори директно упатени во плановите на кинеската компанија, пренесува tportal.hr наводи на сајтот Tech Radar.

Ако им веруваме на овие новини, токму таквиот уред се подготвува за неговата премиера во ноември годинава. Наводно, Huawei со доставувачите потпишал договор за тајност. Се шират шпекулации дека телефонот може да има екран на LG.

- Advertisement -

Иако телефонот, наводно, ќе биде претставен во ноември, во продажба би се нашол веројатно во 2019 година, откако Huawei ќе ги собере потребните повратни информации за да може да ја направи финалната верзија на телефонот подготвена за продажба, пишува Tech Radar.

Сподели!
- Advertisement -