Компанијата Johnson & Johnson направи контактни леќи кои се истовремено очила за сонце

- Advertisement -

Научно е докажано дека заштитата од УВ зрачењето со очила за сонце го намлува ризикот од потенцијални офталмолошки заболувања во иднина. Но, доколку имате проблеми со видот или некоја рефракциска грешка кај окото, а не сакате да носите очила за сонце или не сакате во јавност да носите склопливи леќи на очилата за сонце, компанијата Johnson & Johnson од почетокот на идната година ќе почне да продава контактни леќи кои се прилагодуваат на УВ зрачењето од околината и се затемнуваат на принцип на фотосензитивни пигменти.

Американската Агенција за безбедност на храна и лекови ги одобри овие леќи, кои се први такви во светот, откако беа тестирани на 24 волонтери во дневни и ноќни сценарија и не беа забележани негативни ефекти на самиот вид на волонтерите.

- Advertisement -

Johnson & Johnson ги направи леќите Acuvue Oasys Contact Lenses ззаедно со компанијата Transitions Optical со помош на технологијата Transitions Light Intelligent Technology, која функционира на ист начин како и стандардните контактни леќи. Може да се носат 2 недели, а ќе бидат наменети за пациенти за корекција на далекувидност и кратковидност, но и за одреден степен астигматизам. На леќите компаниите работеле цели 10 години, а во тестирањето учествувале вкупно 1.000 волонтери, пренесува Vidi.hr.

Не се познати точни информации за фотосензитивниот премаз, но Transition Optical своите очила ги премачкува со слој фотосензитивни пигменти кои се ставаат на леќите, шпа веројатно се работи за слична технологија. Кога леќата ќе се изложи на УВ зрачење, хемиските врски се кинат, а пигментите се преложуваат во друга структура која апсорбира одреден дел од светлината, во зависност од самата структура. На пример, во ситуација со малку УВ зрачење молекулите се враќаат во структурата која пропушта повеќе од видливиот дел од спектарот до нашето око.

- Advertisement -

„Наједноставно кажано, ова се контактни леќи кои функционираат како фотосензитивни очила – се затемнуваат на сонце, а се осветлуваат ноќе за да не пречат во гледањето“ објасни офталмологот д-р Рахул Пандит и додаде дека смета дека ова е фасцинантен чекор напред во технологијата за контактни леќи.

Сподели!
- Advertisement -