Auto Fireman е првиот апарат за гаснење пожар во автомобил

- Advertisement -

Ризикот од појава на оган во модерните автомобили е многу мал, но иако е мала веројатноста да се појави, опасноста е повеќекратна. Има три побитни околности кои може да предизвикаат пожар во автомобил.

Најпрвин, тоа може да биде дупнат резервоар за гориво од некој камен кој струже по површината и може да предизвика искри. Потоа, во случај на удар на автомобилот од предниот или страничниот дел може да се помести линијата по која тече горивото. И третиот случај е удар во делот каде што се наоѓа акумулаторот.

- Advertisement -

Сите три ситуации се исклучително сериозни и опасни затоа што автомобилите сами по себе се опасни. Комбинацијата од гориво, неверојатна топлина, електрицитет, проток на воздух и запалливи материјали значи дека автомобилите се неверојатно погодно тло за оган.

Auto Fireman е производ кој е како никој друг. Овој прв во светот апарат за гаснење пожар во автомобил лесно го собира во моторот затоа што е мал. Освен тоа, благодарение на силните магнети лесно може да се постави на кој било метален дел, а има и вграден систем за автоматска детекција на топлина. Аuto Fireman e идеален производ кој ќе ве заштити и вас и вашиот автомобил во случај на пожар.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -