Новиот робот за рециклирање на Apple може да расклопи 200 iPhone за само еден час

- Advertisement -

Токму навреме за Денот на планетата Земја, Apple претстави нов робот за рециклирање, кој може да расклопи 200 телефони iPhone за само еден час. Роботот Дејзи (Daisy) може да ги извади деловите од 9 типови iPhone и за секои 100.000 уреди може да извади 1.900 кг алуминиум, 770 кг кобалт, 710 кг ретки Земјини елементи. Роботот претставува прв чекор кон реализација на мисијата на Apple во иднина уредите да ги прави целосно од рециклирани материјали, пренесува Inhabitat.

„Ја креиравме Дејзи за да оставаме помал негативен ефект врз планетата и да има поголеми способности за расклопување телефони во споредба со претходниот робот Лиам“ се вели во извештајот на Apple за еколошка одговорност – Environmental Responsibility Report. Од Apple се надеваат дека ќе создадат еден затворен систем на производство каде што секој дел од стари уреди ќе може повторно да се искористи во нови.

- Advertisement -

„За да ја достигнеме целта мора 100% од материјалите кои ги користиме да бидат од одговорни извори, да може да се рециклираат или повторно да се употребат и повторно да се вратат на пазарот. Знаеме дека ќе ни требаат многу години за да ја достигнеме целта, но остануваме посветени на користење примарни материјали од одговорни извори додека ја правиме транзицијата“.

Иако од Apple не наведуваат конкретна временска рамка за реализација на транзицијата, почнаа активни проекти за рециклирање ретки Земјини метали, производи од хартија и други почести метали. Apple планира да постави роботи Дејзи на повеќе локации во САД и во Европа. Бидејќи компанијата моментално инкорпорира користени уреди кои ги добиват директно од корисниците, Apple ќе стави поголем акцент на програмата GiveBack и ќе нуди компаниски кредит за вратените уреди. Благодарение на иницијативата за рециклирање, Apple неодамна ја намали потрошувачката на алуминиум за 23% до 25% во споредба со 2015 година.

Сподели!
- Advertisement -