Новиот HafenCity RiverBus во Хамбург е автобус кој се претвора во брод и обратно. Амфибискиот автобус е ремек дело на основачите Фред Франкен и Фит Малштет. Направен е на шасија од MAN камион, додека телото е направено од композитни материјали од унгарска компанија и на туристите и им нуди тури низ градот комбинирани со крстарења.
Амфибиското возило е совршено за еден пристаништен град како Хамбург, лоциран на реката Елба, каде што најголем дел од местата кои вреди да се посетат се или на вода или на брегот. RiverBus овозможува да се видат и едните и другите. Може да превезе 36 патници и тројца членови на екипаж на 80-минутно разгледување по копно или по вода. Додека е на копно работи со стандарден мотор со внатрешно согорување, а кога е во вода го придвижуваат два пропелери.
HafenCity Riverbus ги има сите стандардни функции како градските автобуси. Но, како што вели Фред Франкен, предизвик било да се добие одобрение за едно вакво возило затоа што германските закони за транспорт не дозволуваат такви возила. Фред е поранешен член на морнарица и пасиониран љубител на автобуси. „Почнав да размислувам за проектот пред 18 години, откако видов слична атракција во Сингапур. Веднаш помислив дека нешто такво мора да дојде во Хамбург“ вели Фред.