Хрватскиот стартап Entrio собра инвестиција од 42 илјади евра за неколку часа

- Advertisement -

Стартапот Entrio, кој разви успешна платформа за онлајн купување на карти за настани, а од неодамна овозможи и бесконтактно плаќање на карти за настани преку паметна нараквица, во кампањата која ја стартуваше на платформата Funderbeam успеа да собере 42 илјади евра инвестиции за само неколку часа, јавува Poslovni Dnevnik.

Овој хрватски стартап, кој беше познат по тоа што имаше 28 основачи, со кампањата за инвестиции која ја започна заедно со берзата од Загреб, се надева дека ќе има повеќе ко-сопственици.

- Advertisement -

„Во првите неколку часа собравме 42 илјади евра од побараните 100 илјади евра, за што нудиме 5,5% удел во фирмата“, изјавил Берислав Маржалек, основач и директор на фирмата. Додал дека кампањата најверојатно ќе ја надмине посакувана сума и ќе оствари инвестиции од околу 170 илјади евра.

Тој уште изјавил дека имаат здрав и профитабилен бизнис кој има можности за релативно брз раст. Стартапот минатата година го дуплираше приходот на околу 225 илјади евра со раст на нето добивката на околу 12 илјади евра.

- Advertisement -

Засега овој стартап работи во Хрватска, а од следната година планира да ги покрива и пазарите во Црна Гора, Словенија и Србија. Во следна фаза целта е освојување на пазарите во Романија, Бугарија и Албанија, како и западните пазари и Австрија.

Според директорот Маржалек, само пазарите во југоисточна Европа, без оној во Грција, им отвораат можност за зголемување на прометот до осум пати. Се работи за пазари во вкупна вредност од 150 милиони евра кон кои Entrio цели со пазарен удел од 12%.

Сподели!
- Advertisement -