Македонско-британскиот стартап Cognism доби инвестиција од 2 милиони фунти во рунда предводена од South Central Ventures

- Advertisement -

Македонско-британскиот стартап Cognism, кој користи вештачка интелегенција за унапредување на продажбата, доби инвестиција од 2 милиони фунти во рунда предводена од фондот за ризичен капитал South Central Ventures, заедно со Newable, London Co-Investment Fund, Start-up Funding Club и други.

Компанијата основана од претприемачите Џејмс Исилеи и Стјепан Булат им помага на компаниите да ја забрзаат својата продажба и да дојдат до вистинските контакти употребувајки big data. Од основањето во 2016 Cogsnism го порасна своето клиентско портфолио на 80 големи клиенти во Европа и Америка и го зголеми својот тим од 5 на 30. Со континуиран процес на истражување и развој ја унапредија својата технологија за да биде користена и целосно компатибилна со Salesforce и Microsoft Dynamics, што ги прави Cognism едена од водечките европски компании во Sales Intelligence (продажна интелегенција)

- Advertisement -

South Central Ventures го подржува развојот на Cogsnism уште од нивната seed рунда во јануари 2017. Како водечки инвеститор во оваа Серија А рунда, South Central Ventures инвестираше 1.5 Милиони фунти кои компанијата ке ги употреби да го забрза својот раст, отвори канцеларија во Соединетите Американски Држави, зајакнување на својата развојна база во Македонија и остварување на својата цел да ги дуплира бројот на продажни агенти во Македонија и Британија во следната година.

Џејмс Исилеи, основач и извршен директор на Cognism, во пресрет на инвестицијата рече:

- Advertisement -

„Оваа инвестиција е потврда за напорната работа и посветеноста на нашиот тим. Последната рунда инвестиции е е есенцијална за остварување на нашата стратегија да ја понудиме најдобрата технологија во сегментот на Продажна интелегенција (Sales Intelegence). Со тоа не само што ќе успееме да го подобриме перформансот на алатките за унапредување на продажбата, на нашите клиенти ќе им овозможиме да ги постигнат стандардите за чување на податоците (GDPR compliant contact data) со акцент на контактите и контекст податоците од земјите на Европската унија и Соединетите Амерички Држави. Сето ова не ќе можевме да го постигнеме без подршката на South Central Ventures”.

Татјана Забасу, менаџинг партнер на South Central Ventures, додаде:

- Advertisement -

„Секогаш е возбудливо кога компанијата во кои еден фонд инвестира се развива и расте со брзината која Когнисм ја бележи. Може слободно да кажеме дека растот на приходите и придобивките кои им ги даваат на своите клиенти преку употреба на напредни алгоритми за машинско учење и вештачка интелегенција се неверојатни.
Затоа ние во Soutn Central Ventures сме среќни што работиме со одличниот тим на Cognism и ќе продолжиме и понатаму да го подржуваме нивниот раст“.

За Cogsnism:
Cogsnism ги комбинира податоците за компании, луѓе и настани во реално време за да можат продажните и маркетинг тимови во компаниите да добијат релевантни информации и сигнал кога нивните клиенти и проспекти имаат најголем потенцијал да купат. За да може тоа да го дадат како услуга продуктите на Cognism користат алгоритмички технологии, машинско учење и natural language processing.

За South Central Ventures:

South Central Ventures e водечки инвеститор во Западен Балкан за ризичен капитал (Venture Capital). Со канцеларии во Скопје, Белград и Загреб, South Central Ventures примарно се фокусира во инвестирање во TECH компании во рана фаза и фаза на раст и во подршка на претприемачите во градење на глобално конкурентни и успешни компании

Во инвестициското портфолио на South Central Ventures се вклучени 14 компании меѓу кои InPlayer, Agrivi, Bulb, Alchemy, Virtus Vita, TradeCore and Sentinel Marine.

 

Сподели!
- Advertisement -