Smartflower POP е паметен цвет кој генерира соларна енергија

- Advertisement -

Иновациите и технологијата многу напредуваат, па веќе влеговме во нова генерација модерни уреди и предмети кои не само што ни овозможуваат полесен и полуксузен живот, туку уште побитно е дека се одржливи и еколошки. Модерната наука е загрижена затоа што постојано се намалуваат ресурсите од кои црпиме енергија, па бара нови начини за искористување на најпостојаниот и најголем извор на енергија на Земјата – Сонцето.

Smartflower е паметен цвет кој го искористува тој ресурс на најдобар можен начин, ја црпи сета негова моќ и енергија за ние да можеме да ги напоиме нашите уреди и не воведува во нова ера на консумација на енергија.

Smartflower Pop функционира како комплетен систем кој не бара сложено склопување, освен што треба добро да го прицврстите систем на земја или на бетонска подлога. Ќе ви овозможи максимални перформанси и неверојатна енергија, а потребно е многу малку одржување. Паметниот цвет дава енергија и дење и ноќе.

- Advertisement -

Соларниот модуларен вентилатор е дизајниран со астрономски контролен систем, кој овозможува да се ротира вертикално и хоризонтално за да го следи сонцето дури и кога е облачно. Така цветот се поставува наспрема сонцето под агол од 90%. Иако не зазема многу простор, од компанијата која го направи тврдат дека може да даде 40% повеќе енергија отколку конвенционалните соларни системи за на кров, и тоа во текот на сите четири годишни времиња.

Не треба да се грижите како ќе го чистите затоа што Ѕmartflower Pop cе чисти самиот со затворање и отворање и на тој начин ги елиминира правот и снегот. Освен тоа, има посебни модули чија задача е да не дозволуваат да циркулира топол воздух во него и да предизвика дефект. Ѕmartflower се собира како и обичните цветови на зајдисонце или кога врне. Вградените сензори постојано ја следат брзината на ветрот и ја адаптираат поставеноста на цветот за да не се оштети. Во случај на многу силен ветар, ќе се склопи и кога сензорите ќе измерат послаб ветар повторно се отвора за да продолжи да произведува енергија.

Сподели!
- Advertisement -