-7.2 C
Skopje
вторник, јануари 25, 2022

Пријавете се за Womenpreneurs Stories, настан за инспиративните жени во бизнисот

Kabtel desktop

На 15. ноември ќе се одржи Womenpreneurs Stories, настан за инспиративните жени во бизнисот

Приказни за жени претприемачи е иницијатива која има за цел да ги и слави и сподели приказните на инспиративните жени во бизнисот. Придонесот што жените како иноватори, претприемачи и мотори на промени можат да го дадат на економскиот раст во Македонија е многу важен, а многумина се веќе вклучени директно и индиректно во поддршката за креирање средина во која жените во Македонија се препознаваат и целосно можат да придонесат за развојот на новиот претприемачки екосистем. 

На настанот ќе можете да ги запознаете македонските жени претприемачи, кои преку споделување на своите приказни за тоа како успеале во бизнисот, ќе обезбедат практични совети за стартапи, прибирање финансиски средства и менторство.

Организаторите велат дека овој настан е одлична можност за вмрежување со основачите и жените на лидерски позиции во различни фази на градење на нивните компании и инвеститорите кои ги финансираат.

Настанот е организиран од Womenpreneurs Stories, во соработка со Швајцарската програма за претприемништво (#SwissEP), поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact. Поддржувачи на настанот се Grouper.mk, SC Ventures, Solveo и Public Room.

Womenpreneurs Stories ќе се одржи наредната среда во 19 часот, во просториите на Јавна соба во Скопје. Картите за настанот чинат 300 денари и можат да се набават преку Grouper на следниов линк.

Заинтересираните можат да се информираат повеќе на Facebook настанот.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!