Компанијата Virgin Hyperloop Оne на милијардерот Ричард Бренсон, која е еден од лидерите во развојот на ултрабрз транспорт Hyperloop, во партнерство со BMW Designworks разви концепт на капсулата за патичкиот Hyperloop. ВMW и Designworks ја претставија капсулата минатата недела. Ова е прв пат јавно да биде претставен прототип на вистински Hyperloop.
Меѓу другите работи кои ќе ги имаат капсулите се: лично контролирано осветлување, дигитални дисплеи и премиум комфор, седиште со посебна клима или греење, екрани на допир за секој патник, забавни содржини итн. Што се однесува на дизајнот на ентериерот, вметнати се некои традиционални арапски елементи.
Интернационалната компанија DP World која управува со аеродром во целиот свет и Virgin Hyperloop One , пак, ќе соработуваат за да лансираат ултрабрз hyperloop за карго со надеж дека ќе се револуционизира брзината и цената на трговијата.
Проектот се вика DP World Cargospeed, а ќе ја користи технологијата на Virgin Hyperloop One за да се овозможи ултрабрз транспорт на приоритетна стока и ќе се револуционизира логистиката, ќе се поддржат економските зони и ќе се создадат развиени економски мега-региони.
Ричард Бренсон за CNBC изјави дека Virgin Hyperloop може да игра голема улога во транспортот на карго. DP World Cargospeed ќе има за цел да се транспортира стока со брзина од околу 1.000 км/ч и да се поврзе со постојната патна, железничка и воздушна инфраструктура.
https://www.youtube.com/watch?v=25jHFJiYHLA