Заборавете на лозинките, пристигна нов начин на заштита на идентитетот на Интернет

- Advertisement -

За сите кои знаат колку е битна безбедноста на сметките и профилите онлајн, а не можат да ги запаметат сите свои лозинки, доаѓа помош. Chrome, Firefox и Edge наскоро ќе поддржат нов отворен стандард наречен Web Authentication (WebAuthn), пишува Tech Radar.

Кога ќе се имплементира во пребарувачот ќе можете да ги користите мобилните уреди за да го потврдите својот идентитет. Тоа може да вклучува апликации, USB клуч или биометриски податоци како отпечаток од прст, а може да послужи како дополнителна форма на проверка на автентичноста или дури целосно да ги замени лозинките.

- Advertisement -

Ваквиот начин на проверка на идентитетот јаљ отежнува работата на крадците на идентитети затоа што нема доследни знаци како што има кај конвенционалните лозинки кои овозможуваат шристап до вашите компјутери. Некои услуги, вклучувајќи ги Google и Facebook, веќе поддржуваат автентификација со повеќе фактори како апликации за паметни телефони или Yubikey уреди. Исто така, се користи и кај компаниите каде што е особено битна безбедноста на податоците, но нема друга поширока примена.

Сепак, тоа наскоро ќе се промени. WebAuthn е отворен стандард, што значи дека е многу попристапен за помалите програмери кои не можат да си дозволат да инвестираат во сопствена технологија. Новиот стандард веќе ја поддржува Firefox Betа (верзијата 60.0), а овој месец треба да биде достапен и за другите пребарувачи. Chrome и Edge ќе го применат во наредните месеци.

Сподели!
- Advertisement -