Лани 30 милиони патници ширум Европа се возеле со Визер

- Advertisement -

Повеќе од 30 милиони патници се превезени во минатиот 12-месечен период, а нејзините операции ширум Европа се зголемени за 24 проценти во споредба со истиот период минатата година, соопшти авиокомпанијата.

„Ние сме горди што стигнавме до уште една значајна пресвртница во успешната приказна на „Виз“, со нов патнички рекорд во изминатиот 12-месечен период. Повеќе од 30 милиони патници кои патуваат, или за бизнис или на одмор, уживаа во одличните летови на „Виз“ во нашата широка и разновидна мрежа“, вели Сорина Рац, шеф на корпоративни комуникации во „Визер“.

Додаде дека компанијата ќе продолжи да биде една од најбрзо растечките авиопревозници во Европа, со силен и конзистентен двоцифрен раст секоја година и уште повеќе можности за нивните клиенти да патуваат по навистина најниски цени.

- Advertisement -

„Наша цел е да уживаме и да ве инспирираме да ја откриеме нашата европска мрежа, а екипажот на ‘Визер’ ќе биде подготвен да ви посака добредојде со насмевка“, вели Рац.

„Визер“ е најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа управувајќи со 96 Airbus A320 и Airbus A321 авиони и нуди над 600 рути од 28 бази поврзувајќи 141 дестинации низ 44 држави.

Сподели!
- Advertisement -