Британската кралица доби своја верзија на Barbie кукла

- Advertisement -

Британската кралица стана горд сопственик на верзија на куклата Barbiе, а кога ја доби се израдува зашто рече дека е прикажана 50 години помлада. Кралицата со ентузијазам позираше со уникатниот подарок кој компанијата Matel и го додели за посветената соработка со фондацијата Women Of The World (WOW), каде што е претседател.

Камила и Barbiе за таа прилика беа облечени во иста облека – син фустан и црна јакна. Презентацијата беше организирана во автобусот на WOW Girls Festival, кој ја обиколи земјата промовирајќи родова рамноправност пред да застане во кругот на палатата.

- Advertisement -

Фондацијата Women Of The World е добротворна организација која прерасна во глобална мрежа на настани, а чија цел е да се залагаат за родова рамноправност, препознавајќи ги достигнувањата на жените и девојчињата и ги истражува препреките кои ги спречуваат да го остварат својот потенцијал.

(021)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -