Илон Маск најави реконструкција на Tesla

- Advertisement -

Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, минатата недела најави дека ќе започне процес на реконструкција во компанијата во текот на мај со крајна цел компанијата да стане попрофитабилна. Маск не најави детали, но спомена дека компанијата досега премногу зависела од добавувачите.

„Бројот на соработници кои ги имаме е надвор од контрола. Во тој поглед ќе се ослободиме од неколку препреки“ изјави Маск.

- Advertisement -

Исто така, тој напиша на Twitter дека Tesla треба да стане профитабилна во втората половина на годината и дека до крајот на годината нема да има потреба од дополнителни инвестиции, што наиде на сомнежи кај некои инвеститори и аналитичари. Компанијата веќе е позната по големите трошења и редовно објавува дека е во загуба во овие петнаесет години од постоењето.

Во текот на првото тримесечје компанијата имаше загуба од 3,35 долари по акција на приход од 3,41 милијарди долари. Аналитичарите предвидуваат прилагодена загуба од 3,42 долари по акција на приход од 3,32 милијарда долари, јавува Bloomberg.

- Advertisement -

Tesla ги изрази своите фрустрации од бројот на изведувачи на работите кои компанијата ги користи и во писмо упатено до сите вработени.

„Бев разочаран од откритието колку изведувачки фирми се испреплетени со Tesla. Треба да поминеме нивоа и нивоа на соработници додека да откриеме кој ја извршил задачата“ нашишал Маск.

- Advertisement -

Тој изјави дека ваквите фирми соработници ќе бидат ревалоризирани за да се осигураат дека ги исполнуваат високите стандарди на производство на Tesla.

Сподели!
- Advertisement -