Научници именуваа новооткриен инсект по Леонардо ди Каприо

- Advertisement -

Залагањата за екологијата и заштита на животната средина на познатиот глумец Леонардо ди Каприо му донесоа ново признание: неговото име сега е дел од латинскиот назив на новооткриен воден инсект во Малезија.

Како што пишува Mashable, инсектот именуван како Grouvellinus leonardodicaprioi е ситен, црн бумбар од 3 милиметри и е откриен покрај водопад во Борнео, Малезија.

- Advertisement -

Експедицијата која биле организирана од филипинскиот универзитет Атенео де Манила и холандската организација Taxon Expeditions е дел од програма која ги обучува обичните граѓани да заловуваат, истражуваат и идентификуваат нови видови на инсекти и животни.

Од организацијата изјавиja дека решиле да го именуваат инсектот по глумецот во чест на 20-годишнината од фондацијата на Леонардо ди Каприо и нејзините напори за зачувување на биолошката разновидност. Фондацијата додели повеќе од 80 милиони долари во грантови за „проекти кои ќе имаат големо влијание” од 2010 година наваму.

- Advertisement -

Од фондацијата објавиja и видео во кое Леонардо ди Каприо има свое обраќање и вели дека „сите можеме да имаме влијание, но мора да работиме заедно и да го зачуваме и штитиме нашиот единствен дом.“

Ди Каприо ја смени својата профилна фотографија на Фејсбук со фотографија од инсектот.

Сподели!
- Advertisement -