Денес завршува Саемот на книга, рекордни 44.300 посетители досега

- Advertisement -

Саемот на книга 2018 завршува денес, а манифестацијата до вчера ја посетиле 44.300 посетители, јави МЕТА.

На 30-тото јубилејно издание се претставија 70-ина издавачки куќи од Македонија, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија.

- Advertisement -

„Соработката со Министерството за култура, како покровител на манифестацијата, Владата, Град Скопје заедно со ЈСП, со воведувањето на двете вонредни линии специјално за најголемата културна манифестација, придонесоа, покрај промената на локацијата, овој Саем уште повеќе да го зацврсне неговото постоење. Ова е голем напредок кој резултираше со инзвонредна бројка од 44.300 посетители, а саемот уште не е завршен“ изјави проект-менаџерката на Саемот на книгата, Сања Кондарко.

Во рамките на програмата на Промотивниот центар се доделија наградите во организација на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), а се доделија и награди од страна на Здружението на издавачи и книжари на Македонија (ЗИКМ).

Сподели!
- Advertisement -