Ова се првите 3Д печатени безвоздушни гуми за велосипед во светот

- Advertisement -

Дали велосипедистите во иднина ќе возат велосипеди кои ќе имаат гуми без воздух? Веројатно. Компанијата BigRep само што ги претстави првите 3Д печатени велосипедски гуми без воздух во светот и ги однесе на тестирање во Берлин. Безвоздушните гуми се направени од новиот термопластичен полимер со еластични својства PRO FLEX Filament, кој носи флексибилност во 3Д печатењето. Дизајнерот Марко Матиа Кристофори го опиша возењето велосипед со овие гуми како „многу лесно“, пишува Inhabitat.

PRO FLEX може да се користи со големиот индустриски 3Д печатач на BigRep и да обезбеди голема отпорност на високи и на ниски температури, со одлично ублажување на ударите и голема динамичност. Материјалот ќе може да се користи и за други производи како што се тркала за скејтборд. Флексибилноста на PRO FLEX му овозможува да функционира одлично кај велосипедските гуми. Идејата е велосипедистите да си печатат свои гуми за различни потреби.

- Advertisement -

За жал, засега не можете да ги купите овие гуми затоа што се дизајн кој е наменет за тестирање, а не за комерцијална употреба. Главната цел на дизајнот била да се инспирираат и да се истражат различните можности на 3Д печатењето.

Сподели!
- Advertisement -