Кабелскиот оператор United Group, во чија сопственост се SBB, Telemach и Total TV, вчера најави дека во Јуогисточна Европа во наредните 5 години ќе инвестира повеќе од 600 милиони евра со поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), пишува Bizlife.
United Group е каблески оператор за телевизија, Интернет, фиксна и мобилна телефонија кој ќе инвестира во развој на инфраструктурата, работни места и ќе отвори нови работи. Претседателот на ЕБРД, сер Сума Чакрабарти, како домаќин на Годишното собрание и на бизнис форумот EBRD 2018 во Јордан, за тоа разговараше со претседателот на Управниот одбор на United Grоup, Драган Шолак.
Потпретседателот на ЕБРД за банкарски работи, Алан Пилу, изјави деа соработката со United Group и со најголемиот акционер во компанијата, компанијата KKR, претставува вистинска приказна за успех. „Нашата заедничка посветеност на регионот и досегашните резултати ни влеваат доверба за идни успеси, особено поради тоа што United Group продолжува да инвестира во регионот“ додаде Пилу.
ЕБРД е еден од клучните инвеститори во Југоистчна Европа со околу милијарда евра вредност на нови проекти секоја година. United Group е еден од водечките работодавци во регионот со повеќе од 3.400 вработени во разни области, вклучувајќи технологија, производство, развој на софтвер и медиуми. Компанијата постави или изнајми повеќе од 15.000 километри оптички кабли во Србија, БиХ, Хрватска, Македонија, Црна Гора и Словенија.
ЕБРД во 2004 година инвестираше во кабелскиот и интернет оператор SBB во Србија. Спојувањето на SBB со телекомуникациските компании Telemach Slovenija и Тelemach BiH во 2012 година резултираше со создавање на United Group. Глобалната инвестициска компанија KKR во 2014 година стана мнозински сопственик на United Group.