5G телефоните ќе пристигнат порано отколку што мислиме

- Advertisement -

Иако најголем дел од операторите и производителите на уреди ќе почнат да воведуваат 5G идната година, Qualcomm се подготвува за мал бран од 5G паметни телефони, кои треба да бидат достапни за купување порано отколку што чекуваме.

Во интервју за Economic Times потпретседателот на Qualcomm, Дурга Малади, изјави дека подоцна годинава некои од најагресивните производители на телефони ќе понудат уреди компатибилни со 5G, пренесува Klix.ba.

- Advertisement -

„Телеоператорите се во процес на финализирање на инфраструктурата и брзината за раните 5G уреди“ додаде Малади.

Од Qualcomm уште во јануари годинава кажаа дека првите 5G мобилни уреди ги очекуваат на CES 2019., но доколку се водиме од зборовите на Малади, се чини дека тоа е предолго чекање за телеоператорите и производителите.

- Advertisement -

Се разбира, овие информации се однесуваат на американскиот пазар, попрецизно на регионот на Калифорнија, каде што се прават најголем дел од тестирањата, а уште не се знае точно што да се очеквуа на европскиот пазар.

Сподели!
- Advertisement -