Facebook се подготвува за најголемата реорганизација од постоењето на компанијата

- Advertisement -

Во 15 години постоење Facebook нема поголеми промени меѓу челните луѓе. Марк Цукерберг секогаш беше на чело, а хиерархијата под него беше добро позната. Но, работите се менуваат. Иако промените моментално се само најавени внатре во коммапнијата и нема официјална потврда за јавноста, познато е дека секторите за WhatsApp, Facebook Messenger и апликацијата Facebook ќе добијат нови челници, додека старите директори ќе добијат нови должности.

Така, на чело на новите апликации ќе биде Крис Фокс, претходно задолжен за апликацијата Facebook. СЕга Фокс ќе го надгледува развојот на апликации за Facebook, Instagram, WhatsApp и Messenger, пренесува Zimo.

- Advertisement -

Новина е и создавањето нов тим внатре во Facebook кој ќе биде задолжен за блокчеин техологијата. Колку за потсетување, дека ќе тргнат во овој правец самиот Цукерберг најави уште на почетокот на годината. Новиот оддел ќе го води Дејвид Маркус, претходно задолжен за развој на Messenger, а целиот оддел ќе спадне под делот Нови платформи и инфраструктура, за кој ќе биде задолжен Мајк Шрефер. Под негов надзор ќе биде и одделот за развој на проширена и виртуелна реалност и вештачка интелигенција.

Долгогодишниот директор задолжен за раст Хавиер Оливан ќе биде задолжен за третиот дел наречен Централни производни услуги, кои ќе ги вклучуваат сите опции кои се нудат на различни платформи како што се безбедноста, растот и огласите.

- Advertisement -

Иако се чини дека во Facebook ќе има огромни промени, всушност, ќе бидат истите луѓе со нови задолженија или нови тимови. Не е познато дали Цукерберг подготвува и други кадровски промени, но сигурно е дека скандалот со Сambridge Analyticа и се што следуваше потоа го натера да размисли за организацијата на Facebook.

Сподели!
- Advertisement -