Часовниците на Fitbit ќе им кажуваат на жените точно кога ќе овулираат

- Advertisement -

Овој фитнес гаџет веќе ги следи чекорите што ги правите, калориите кои ги трошите и колку долго спиете, а наскоро часовницитена Fitbit ќе им кажуваат на жените кога овулираат или кога да ги очекуваат првите симптоми од нивниот месечен циклус благодарение на новата опција наречена Female Health feature, пренесува DailyMail.

Компанијата за паметни часовници ќе ја имплементира оваа нова опција кај најновиот модел на паметни часовници Fitbit Versa, кој наскоро ќе се најде во продавниците. Според истражувањето кое го спроведе компанијата оваа опција е една од најбараните од страна на корисниците. 

- Advertisement -

Female Health ќе им овозможи на жените да ја користат апликацијата за да следат како се одвива нивниот менструален циклус и да до споредат циклусот со други статистики како, на пример, спиењето. Исто така, ќе им испраќа известувања кога ќе треба да почне циклусот и кога е најдобар момент за зачнување. 

Од компанијата велат дека сакаат на жените да им понудат нов начин на следење на состојбата на нивните тела и да ги дискутираат своите искуства со други корисници. Опцијата ќе биде достапна за сите кориснички на Fitbit апликацијата постари од 13 години. Жените ќе можат и да научат повеќе за менструалниот циклус, за овулацијата и плодноста преку вести од експерти и советници на Fitbit.

- Advertisement -

Ќе има и онлајн заедница за жените да дискутираат на тема менструален циклус, контрацепција, зачнување, перименопауза и менопауза. Колку повеќе информации ќе внесуват во апликацијата толку попрецизни податоци ќе добиваат.

Сподели!
- Advertisement -