Apple и Goldman Sachs лансираат заедничка кредитна картичка

- Advertisement -

Apple и Goldman Sachs ќе лансираат заедничка кредитна картичка во 2019 година како еден предизвик за големите банки, пишува Daily MailApple работи на развивање на картичката со Goldman Sachs која ќе го нови логото на дигиталниот паричник на производителот на iPhone.

Новата картичка ќе ја замени картичката за награди која Apple моментално ја има со Barclays и веројатно ќе биде поврзана и со услугата за мобилно плаќање Apple Pay. Ќе биде достапна од 2019 година и се очекува да предизвика вистински турбуленции кај традиционалните големи банки.

- Advertisement -

На пример, картичката ќе нуди поеени за лојалност, со кои купувачите ќе добиваат попусти на производи на Apple. Соработката следува откако Apple одлучи главно да се фокусира на приходите од онлајн услугите и содржините, а Goldman Sachs, пак, сака да заработи повеќе од банкарските операции на консументите.

За партнерството прв извести Wall Street Journal, цитирајќи непознати извори. Goldman Sachs веќе дава лични кредити и штедни сметки под брендот Marcus, а сега сака да го прошири портфолиото со други производи. Кобрендираната кредитна картичка е резултат на партнерство на компанија и банка за креирање картичка која ќе поттикнува лојалност и поголема потрошувачка.

- Advertisement -

Не се познати деталите за партнерството, но од Apple веќе некое време посочуваат дека сакаат да ја пораснат платформата Apple Pay. Моментално таа е достапна на уредите на Apple, а проширувањето во физичкиот свет ќе и овозможи на технолошката компанија да ја оствари својата амбиција за замена на кешот и пластиката.

Сподели!
- Advertisement -