Малиот грчки остров Тилос му докажа на светот дека може да се користи 100% обновлива енергија

- Advertisement -

Малиот грчки остров Тилос се приближува до остварување на целта да троши 100% енергија од обновливи извори со помош на средства од Европската унија. Инвестиција на ЕУ ја овозможи реализацијата на проектот TILOS (Technology Innovation for the Local Scale, Optimum Integration of Battery Energy Storage) и ќе го претвори овој остров во првиот остров во Медитеранот кој користи само обновлива енергија.

Островот се наоѓа во Егејското Море и е дом на околу 500 луѓе. Населението се дуплира во летните месеци, која природната убавина привлекува туристи од целиот свет. И покрај тоа што можеби изгледа незначително префрлањето на обновлива енергија на толку мала популација, сепак, островот добива интернационално признание за инсталацијата на систем кој работи само на соларна енергија и енергија од ветрот.

- Advertisement -

Претходно островот добивал енергија преку подводен кабел од островот Кос. Но, се покажало дека не може да се потпре на дизел фабриката поради тектонски активности и чести прекини на енергија. Освен проблемот што бил зависен од фосилни горива, прекините на електричната мрежа му наштетувале на главниот извор на примања за жителите – туризмот.

Хибридниот систем кој сега се наоѓа на островот ги задоволува енергетските потреби – има турбина на ветар од 800 kW и фотоволтаичен систем од 160 kW. Има и батериски систем со капацитет од 2,4 мегавати, кој работи без оглед на временските услови или кој период од денот е.

- Advertisement -

Експертите велат дека проектот е толку ефикасен што и островот Кос, кој бил зависен од нафта, наското ќе увезува енергија од малиот „сосед“ наместо да го снабдува со енергија. Според партнерите во проектот, TILOS ќе ги постави основите за иден развој и имплементација на слични хибридни системи на острови и на оддалечени региони кои имаат проблеми со снабдувањето со енергија. За почеток системот ќе задоволува 70% од потребите за енергија на Тилос, а во блиска иднина ќе се зголеми на 100%.

Сподели!
- Advertisement -