Жената која била одбиена 148 пати од инвеститори, по овие две промени добила инвестиции од 30 милиони долари!

- Advertisement -

Кетрин Миншу е извршен директор на компанијата The Muse. Во своите први 148 претставувања пред инвеститори, Кетрин никако не можела да ги убеди да добие инвестиција за да ја лансира својата стартап компанија на повисоко ниво. После две ситни промени во нејзиниот пристап и презентација, работите почнале да се менуваат!

Инвеститорите некогаш не инвестираат само во одлична идеја! Кетрин покажала неверојатна упорност и после секој неуспех да ги убеди инвеститорите, си ја резимирала својата презентација и барала недостатоци.

Нејзиниот стартап The Muse не бил револуционерeн – тоа е платформа за пребарување на работни можности и кариерно советување. Кетрин сфатила дека за да убеди некој инвеститор да инвестира во нејзиниот стартап, ќе мора и самата таа да се претстави како некој кој верува и е посветен на визијата на компанијата, а не само да ја презентира својата идеја.

- Advertisement -

Во подкастот Financial Grownup, таа ги објаснила двете работи кои увидела дека мора да ги промени и после овие промени успеала да добие инвестиција.

1. Престанала да се прилагодува за некои работи

- Advertisement -

„Обично кога ќе закажев презентација на стартапот со некој инвеститор, го земав било кој термин кој ќе ми го понудат. Решив да го променам ова и почнав да им предложувам на инвеститорите термин и место каде да се видиме за презентацијата. Доколку тие не се достапни за тој термин, тогаш им се заблагодарував и им велев дека се надевам дека ќе имаат можност да учествуваат во некоја друга инвестициска рунда“, објаснила Кетрин.

Во тој период, The Muse почнал да станува препознатлив и луѓето го прифаќале позитивно. Откако Кетрин ја направила оваа едноставна промена, нештата почнале да се поместуваат. Најголемиот дел од инвеститорите се согласувале да се сретнат со Кетрин на терминот кој таа го понудила, а оние кои не се согласиле, најверојатно никогаш не би ни вложиле во стартапот бидејќи ако идејата им звучела привлечно уште на почеток, заинтересираните за инвестиција би сакале да ја слушнат целата приказна и да најдат време за состанок.

- Advertisement -

2. Почнала да собира повратни информации од крајните корисници

„Ако на некој му кажете дека сте сопственик на компанија и му ја презентираш својата идеја, најверојатно ќе ти даде позитивна реакција бидејќи не сака да ти ги повреди чувствата. Ако кажеш дека си консултант кој ѝ помага на компанијата да разбере колку е важен маркетингот, брендирањето и позиционирањето на компанијата на пазарот, поголеми се шансите да добиеш поискрен одговор.“, раскажала Кетрин.

Тогаш почнала да ги собира повратните информации кои ги добива од сите оние на кои им ја претставила идејата и знаела дека е на добар пат со стартапот бидејќи нејзината платформа била нешто што на луѓето им било потребно во тој период.

После овие две промени, Кетрин покажала колку е одлучна во намерата да обезбеди инвестиција за нејзиниот стартап и напорите се исплатиле бидејќи на крајот добила инвестиции во вкупен износ од 30 милиони долари.

Сподели!
- Advertisement -