Работиме 48 минути подолго како резултат на работата од дома

- Advertisement -

Дали работата од дома значеше подолго работно време? Истражувачите велат ДА!

Едно големо истражување кое опфати над 3.1 милиони луѓе во 16 градови во Северна Америка, Европа и Блискиот Исток откри дека работата од дома во комбинација со користењето на дигитални технологии значително го продолжи работното време. Во просек, работното време е продолжено за 48 минути, а зголемен е и бројот на (виртуелни) состаноци.

Истражувачите кои опфатиле вработени во околу 21.000 компании пресметале дека бројот на состаноци се зголемил за 13 проценти, а истовремено се праќаат 1.4 пати повеќе мејлови на ден, отколку во периодот пред пандемијата.

- Advertisement -

Но, иако бројот на состаноци е зголемен, времетраењето на истите е намалено за 20 проценти. Истражување покажало дека луѓето поминувале 11.5 проценти помалку време на состаноци во текот на денот.

Позади ова истражување стои американското Национално биро за економски истражувања, а авторите сметаат дека е потребно дополнително да се истражи во колкава мера трајно се промениле работните навики, но тврдат дека не очекуваат враќање на вообичаените обрасци пред пандемијата. Со други зборови, тие проценуваат дека враќањето на старото нормално е помалку веројатно.

- Advertisement -

Извор – www.vrabotuvanje.com.mk

Сподели!
- Advertisement -