Atlantic инвестира 18,5 милиони евра во нов логистички центар

- Advertisement -

Atlantic Grupa и градежната компанија Kamgrad, како стратешки партнер во новата инвестиција на Atlantic во Хрватска, потпишаа договор за изградба и долгорочен закуп на нова локација за централен логистичко-дистрибутивен центар во близина на Велика Горица, со којшто ќе се решат растечките потреби на компанијата во мнозинска сопственост на Емил Тедески.

Инвестицијата е вредна околу 18,5 милиони евра, а со неа Atlantic, во согласност со спецификациите кои ги одредуваат момнеталните и долгорочните потреби за дистрибуција, ќе добие и нов современ согистички центар и така ќе ги обедини складишните капацитети на подрачјето на Загреб, пишува Poslovni Dnevnik.

- Advertisement -

По подолго време стагнација на приватните инвестиции на полето на логистиката, но и шпекулации на пазарот дека Atlantic и Kamgrad го договараат овој проект, ова е единствен пазарен импулс и како што е познато, следува многу брза реализација на проектот. Модерниот центар на новата локација ќе биде подготвен за користење кон крајот на годинава, односно најдоцна на почетокот на 2019 година.

Слични иницијативни за ваквите прилични дедицитарни инвестиции во последно време може да се набројат на прстите на една рака. За хроничниот недостиг од модерни и добро опремени логистички и индустриски центри причините се различни – од неодлучност на инвеститорите, правната безбедност до големите трошоци за изградба.

- Advertisement -

Моментално логистичките операции на Atlantic Grupа во Загреб, како локација на Централното дистрибутивно складиште, функционираат од повеќе различни локации. Главното дистрибутивно складиште во Јанкомир сервисира купци на поширок дел од северна и источна Хрватска, како и Истра, Кварнер и Славонија, а ги снабдува и останатите дистрибутивни центри. Освен тоа складиште, се користат и дополнителни помали складишта во сопственост или во континуиран наем, како и сезонски услуги за складиштење.

Друго прашање е како дошло до соработка со Kamgrad. Бидејќи дистрибутивната стратегија на Atlantic не предвидува изградба на поголеми складишта, туку бира закуп на складишни капацитети за да се задржи флексибилноста во одговор на потребите на пазарот, Atlantic се одлучил за партнер кој според неговите потреби ќе изгради складиште за долгорочен закуп. Kamgrad, пак, со долгогодишно искуство во изградба на различни типови објекти, се покажал како одличен избор за стратешки партнер. Избраната локација се смета за оптимална зод повеќе аспекти како одржливоста на проектот, оддалеченоста, трошоците за наем и слично. Во првата фаза на изградба ќе се обезбеди складиштен капацитет од 30.000 палетни места.

Сподели!
- Advertisement -