IT заедницата WeTalkIT утре ќе одржи настан со Душан Гајиќ од македонско – британскиот стартап Cognism

- Advertisement -

Македонската IT заедница WeTalkIT ќе го одржи својот нов настан наменет за IT професионалци кој ќе биде на тема Introduction to Scala.

На настанот говорник ќе биде Душан Гајиќ кој е сениор развивач на софтвер во македонско – британскиот стартап Cognism кој неодамна доби инвестиција од 2 милиони долари, најголема инвестиција во македонскит стартап до сега. Тој ќе сподели искуства и знаење во врска со работењето со програмскиот јазик Scala.

- Advertisement -

Настанот ќе се одржи во Паб Комедија, утре на 15. мај од 18:30 до 20 часот. 

Учеството на настанот е бесплатно, а своето место може да си го обезбедите на следниов линк.

- Advertisement -

Заедницата We Talk IT организира средби за IT професионалци, а доколку сте дел од програмерската фела и сакате да запознете останати истомисленици со кои заедно ќе работите на проекти и развој на професијата, информирајте се на следниов линк. Друга цел на заедницата е и да поттикне дискусија за детектираните проблеми и да ја подигне свеста за работа на решенија од кои корист ќе имаат сите.

Сподели!
- Advertisement -