Социјалните мрежи користат техники на коцкарската индустрија за да предизвикаат зависност

- Advertisement -

Социјалните платформи користат исти техники како коцкарската индустрија за да создадат психолошка зависност и да ги интегрираат своите производи во животите на корисниците, предупредуваат експертите. Тие методи можат да активираат слични механизми во мозокот како и кокаинот, пишува Poslovni Puls.

„Постојат цели оддели кои работат на тоа да дизајнираат системи за да предизвикаат што поголема зависност. Тие сакаат постојано да бидете онлајн и ве бомбардираат со пораки, обидувајќи се да го привлечат вашето внимание на нивната апликација или веб страница“ изјави професор Даниел Кругер, експерт за човечко однесување од Универзитетот Мичиген.

- Advertisement -

Тие методи се толку ефикасни што можат да активираат во мозокот слични механизми како кокаинот, да создадат психичка желба и дури и да предизвикаат и фантомски повици и известувања каде корисниците слушаат зуење на паметниот телефон и кога тоа не е случај.

- Advertisement -

„Во онлајн економијата приходите се мерат преку континуирана внимателност на потрошувачите – број на кликови и поминато време. Мора да ја препознаеме цената на времето кое го поминуваме на социјалните мрежи. Не станува збор само за игра, тоа влијае на нас финансиски, физички и емоционално“ тврди Наташа Шул, авторка на книгата „Addiction by Design“.

Како и коцкањето, кое физички ја менува структурата на мозокот и ги прави луѓето подложни на депресија и анскиозност, социјалните мрежи се врзуваат за депресија и нивниот потенцијал неповолно да влијаат на корисниците не може да се предвиди или да се потцени.

- Advertisement -

И покрај тоа, бројот на месечно активни корисници на Facebook достигна 2,13 милијарди на почетокот на годината, што е раст за 14% во однос на претходната година. Причината за тоа е што Facebook стана составен дел од нашите животи и не можеме лесно да го исклучиме. Бихејвиоралниот психолог Нир Ејал го опиша процесот на навикнување.

Почнува со акција, награда, потоа инвестиција, а преку наредните циклуси преку оваа јадица се создаваат и навиките. Можеме да ги видиме кај различни производи, особено кај социјалните платформи и кај коцкањето. Кога еднаш ќе се оформи навика, она што претходно служело како надворешен фактор, како изввестување или имејл, повеќе не е потребно. Се заменува или се дополнува со некој внатрешен прекинувач, што значи дека формираме ментална поврзаност меѓу желбата да го користиме производот и да ја задоволиме емоционалната потреба. Производот е направен да ве вклучи и вас, но тоа што вклучува некого кај друг создава зависност“, објаснува Ејал.

Сподели!
- Advertisement -