LinkedIn го олеснува барањето и наоѓањето на совршената работа за вас така што врз основа на искуството и на образованието што го имате ќе ви покаже кој бара личност како вас. Со ова LinkedIn уште еднаш докажува дека е најефикасниот начин за наоѓање работа онлајн, пишува WeRSM.
LinkedIn на овој начин уште од старт ви кажува дали вреди да аплицирате за некое работно место или не. Опцијата How you match на LinkedIn веднаш знае дали се добар кандидат за некое работно место. How you match ќе се појавува на секое објавено работно место на LinkedIn на десната страна.
Новиата опција ќе покажува низа од фактори како вашето ниво на образование, вештините, искуството и моменталната работна позиција, а сето тоа ќе го споредува со она што го бараат работодавците. Опцијата ќе биде достапна за сите корисници, но Premium корисниците ќе можат дополнително да видат како се рангираат во однос на другите кандидати за некоја работна позиција. Доколку одговарате за некое работно место, сега ќе биде полесно и побрзо да аплицирате.