Заврши четвртиот FMCG Summit, едукативен и инспиративен ден за паметење

- Advertisement -

Докажани FMCG-професионалци, консултанти и истражувачки агенции од земјава, Јадранскиот Регион, Грција и од Русија го одбележаа најпосетениот FMCG Summit досега, кој се одржа вчера во хотелот „Александар палас“ во Скопје.

Повеќе од 350 учесници од над 130 компании од земјава, кои имаа можност да видат одлични презентации и студии на случај, беа поттикнати да размислуваат како иновациите, дигитализацијата (Петар Медаревиќ, „One Stop Marketing“; Ивица Соколовски, „Ипсос“, Дарко Луќиќ, АММС), големите бази на податоци (Маријана Агиќ Молнар, ГфК) и креативноста влијаат на процесите на работење; како компаниската култура може да се издигне „над линијата“ (Јелица Ивановска); како да се зголеми продажбата (Никола Мизо, „Алкалоид“).

- Advertisement -

„Секоја приказна има своја патека…“, беа воведните зборови на Енвер Малиќи, сопственикот на „Гемак трејд“, кој го раскажа својот инспиративен пат од нереализиран фудбалер до успешен бизнисмен.

- Advertisement -

Најголемото внимание од учесниците беше фокусирано кон Хрватот Миодраг Боројевиќ, извршен директор на рускиот трговски синџир „О’кеј“, кој го презентираше огромниот извозен потенцијал на рускиот пазар:

На рускиот FMCG-пазар, кој во 2017 година изнесуваше 485 милијарди евра, повеќе од 50% од производите се увезени. Постои голема можност за увоз од Македонија и од регионот, но тој огромен пазар нема да се приспособи кон нас – ние мора да тргнеме кон него и да се менуваме. Едно од најдобрите решенија е регионалната синергија и фокусот на премиум сегментот во областа на приватните трговски марки“, истакна тој. Учесниците имаа голем број прашања за Боројевиќ, а тие што не успеаја да ги добијат одговорите во терминот предвиден по презентацијата, ја имаа таа можност за време на паузите, преку остварување на директни контакти со него.

- Advertisement -

Џорџ Ангелакис од ЕБОР ги претстави најдобрите менаџмент-практики во FMCG-индустријата, а Милан Радивојевиќ од „Нелт“ ја истакна важноста на писменоста во бизнисот и дека е суштински вработените да знаат каде плови бродот – дали во црнениот океан, кој е полн со риби што се борат меѓусебно, или во синиот, во нови, иновативни води.

Сподели!
- Advertisement -