ВИДЕО: Coca-Cola автомат за пијалaци кој се контролира со мобилен телефон

- Advertisement -

Компанијата Coca-Cola го претстави новиот автомат за пијалаци под називот Coca-Cola Freestyle 9100, кој им овозможува на купувачите да се поврзат со него преку апликација Freestyle на својот паметен телефон.

Како што пренесува Klix.ba, Coca-Cola веќе има и автомати осетливи на допир кои нудат 200 различни опции за пијалаци. Околу 50.000 вакви автомати точат околу 14 милиони пијалаци дневно ширум светот.

- Advertisement -

Оваа иновација освен што ќе може да се поврзе со телефоните на купувачите, ќе им овозможи и сами да ја изберат мешавината од пијалаци кои сакаат да ја консумираат и да изберат различни комбинации. Автоматот исто така има опција да се поврзе со телефоните на корисниците и преку Bluetooth.

Автоматот Coca-Cola Freestyle 9100 беше претставен на саемот на американската Национална асоцијација на ресторани во Чикаго минатиот викенд, а ќе биде поставен на локации ширум САД следната година.

Сподели!
- Advertisement -