Големината не е битна кога станува збор за богатството на земјите според податоците објавени во парил од страна на Меѓународниот монетарен фонд. Двапати годишно ММФ објавува податоци за моќта на нациите во светот со статистики за БДП по жител. ММф ги рангира земјите според нивниот БДП и куповната моќ по жител, пишува Business Insider.
Куповната моќ ги зема предвид релативните трошоци на живот и стапките на инфлација во земјите во споредба со стандардот на живот. Малите земји кои доминираат меѓу првите 10 на листата сите имаат мал број жители во споредба со лидерските земјите во поглед на БДП како што се САД, Кина или Германија.
Најголем дел од малите нации главно зависат од имигрантски работници, кои често не живеат во земјата во којашто работат или немаат жителство, па затоа не се пресметани во БДП по жител. Еве кои се најбогатите земји во светот и нивниот БДП по жител.
29. Франција — 45.473 долари
28. Обединето Кралство — 45.565 долари
27. Оман — 45.723 долари
26. Финска — 46.342 долари
25. Белгија — 48.258 долари
24. Канада — 49.775 долари
23. Бахреин — 50.102 долари
22. Данска — 51.643 долари
21. Австрија — 51.936 долари
20. Австралија — 52.190 долари
19. Тајван — 52.304 долари
18. Германија — 52.801 долари
17. Шведска — 53.077 долари
16. Исланд — 54.121 долари
15. Саудиска Арабија — 55.859 долари
14. Холандија — 56.435 долари
13. Сан Марино — 61.169 долари
12. САД — 62.152 долари
11. Швајцарија— 63.379 долари
10. Хонгконг — 64.533 долари
9. Кувајт — 66.673 долари
8. Обединети Арапски Емирати — 68.662 долари
7. Норвешка — 74.065 долари
6. Брунеи — 79.726 долари
5. Ирска — 79.924 долари
4. Сингапур — 98.014 долари
3. Луксембург — 110.870 долари
2. Макао — 122.489 долари
1. Катар — 128.702 долари