Samsung отвора глобални центри за вештачка интелигенција во Велика Британија, Кана и во Русија

- Advertisement -

Samsung Research, напредниот центар за истражување и развој на компанијата Samsung Electronics SET, најави отворање на три нови центри за вештачка интелигенција во Кембриџ, Торонто и во Москва, кои имаат за цел зајакнување на потенцијалите за вештачка интелигенција на компанијата Samsung и за истражување на вештачката интелигенција која е наменета за корисници, пишува Zimo.

Samsung Research е последен од најновите потфати кога станува збор за ширењето на глобалните истражувачки потенцијали за вештачка интелигенција на компанијата Samsung Electronics. Ѕamsung Research го надгледуваше и отворањето на нови центри за вештачка интелигенција во Сеул во ноември минатата година. Со трите нови центри Samsung Research ќе биде оперативен во пет центри за вештачка интелигенција во светот.

- Advertisement -

Исто така, обезбедувајќи глобални експерти за вештачка интелигенција, Samsung Research планира да го прошири бројот на напредни истражувачи во доменот на вештачката интелигенција на околу 1.000 истражувачи до 2020 година. Центарот во Кембриџ ќе го води Ендрју Блејк, претходно директор на лабораторијата на Microsoft во Кембриџ и пионер во развојот на теории и алгоритми кои се обидуваат да ги направат компјутерите да се однесуваат како луѓе. Овој центар ќе има клучна улога во напредните истражувања на вештачката интелигенција за Samsung Research.

Центарот во Торонто ќе го води Лери Хек, виш потпретседател на компанијата Samsung Research America (SRA) и експерт за технологија за виртуелни лични асистенти и директор на центарот за вештачка интелигенција SRA. Се очекува центарот на Samsung за вештачка интелигенција во Москва да го искористи руското знаење од областа на математика, физика и други основни науки. Планира да ги вклучи лидерските експерти за вештачка интелигенција како што се професорот Дмитриј Ветров од Вишата школа за економија и професорот Викрот Лемпицки од Институтот за наука и технологија Сколково, кој ќе ги води истражувањата за алгоритми за вештачка интелигенција.

- Advertisement -

Во својата визија за вештачка интелигенција Samsung се фокусира на пет основни аспекти во текот на истражувањето: вештачка интелигенција фокусирана на корисникот; „постојано учење“преку континуирано самостојно учење со податоци; „секогаш тука“, како амбиентална услуга; „секогаш корисно“ со минимална интервенција на корисникот и одговор на барања и „секогаш сигурен“, обезбедувајќи сигурност и приватност за корисникот.

Сподели!
- Advertisement -