Професионален пливач планира да го преплива Тихиот Океан за да ја подигне свеста за пластичниот отпад

- Advertisement -

Постојано слушаме за кризата со пластичниот отпад и најголем дел од луѓето се информирани за големата количина отпад во Тихиот Океан. Сепак, за многумина ова прашање се уште е непознато. Професионалниот пливач Бен Лекомт сака да даде целосно свежа, персонална перспектива за здравјето на океаните додека плива речиси 9.000 км преку Пацификот, пишува Inhabitat.

Лекомт ќе биде првиот човек кој го препливал Тихиот Океан, но тоа не е неговата главна цел со подгивот. „Целта ми е да направам нешто екстремно а да го привлечам вниманието на проблемот кој е многу битен за сите нас, а тоа е чистотата и здравјето на океаните“ изјави Лекомт за Inhabitat. Тој ќе тргне од Токио и ќе плива до Сан Франциско, а неговото патување може да трае и шест месеци.

- Advertisement -

Таткото на Лекомт го научил како да плива во Атлантскиот Океан. „Се сеќавам колку лета поминавме на плажа и никогаш не видовме пластика. Сега тоа не е така. Нема место на плажа каде што нема пластика. Јас имам деца и се прашувам себеси како ќе биде за нив кога ќе остарат и ќе одат по плажа со нивните деца? Ќе биде ли подобро? Единствениот начин да ја подобриме иднината е најпрвин да бидеме свесни за проблемот, а потоа мора да преземеме нешто. Ние го држиме решението во рацете – но тоа значи да ги смениме навиките, нашето однесување, а преку колективни напори можеме да постигнеме резултати“ порачува Лекомт.

Тој вели дека додека плива ќе треба да внесува по 8.000 калории дневно, но нема да прави паузи на брод, па во текот на 8 часа ќе мора да внесува течна храна како супи и сл. Наутро и навече ќе има два големи оброци и ќе јаде и ноќе доколку се разбуди. Лекомт вели дека бродот што ќе го следи ќе држи чекор со него, но доколку се поместат додека тој одмора, ќе се вратат таму каде што застанал со пливање.

- Advertisement -

Во текот на патувањето ќе соберат повеќе од 1.000 примероци од за 27 научни партнери со две главни цели: истражување на здравјето на океанот и човечкото здравје. Лекомт вели дека порано научниците не можеле да собираат примероци од целата површина на оеканите затоа што одземало многу време, но неговото патување е одлична можност да го направи тоа. Освен големата топка отпад во Тихиот Океан, Great Pacific Garbage Patch, тој ќе помине и на места погодени од радијацијата на Фукушима и покрај фитопланктони.

Тој ќе соработува и со НАСА. „Бидејќи ќе одам на места со мала гравитација, од НАСА сакаат да знаат како ќе влијаат на мене некои работи. Густината на моите коски ќе се смени, притисокот во очите исто така е нешто што влијае кај астронаутите и тие сакаат да знаат дали кај мене ќе се промени нешто“ додава Лекомт.

- Advertisement -

Тимот ќе соработува со повеќе организации меѓу кои Mission Blue, Ocean Voyages Institute и Ocean Institute. Лекомт ќе тргне на патувањето на 30 мај. Патувањето ќе го носи назиот The Swim и ќе може да се следи емитување во живот, средни и кратки видеа, приказни на Instagram и дневни извештаи за тоа што ќе го види по пат.

Сподели!
- Advertisement -