Таинствената дупка која се отвора во мразот на Антарктикот може да ја смени климата во светот

- Advertisement -

На почетокто ан 70-тите години од минатиот век, кога сателитите почнаа да прават фотографии од Земјата, беше забележана таинствена дупка во еден од сезонските ледени брегови на Антарктикот. Дупката ја снема до тоа лето, но ова необично случување остана необјаснето. Се додека не се појави повторно неодамна.

Дупката во ледот на антарктикот, во мразот кој се појавува и мигрира со промената на годишните времиња, повторно се појави пред околу година и половина. И повторно, како и првиот пат, настана во текот на зимските месеци, кога ледот треба да биде најдебел. Дупката беше со големина на 9.500 квадратни километри, а во наредните месеци порасна за неверојатни 740%. Потоа повторно се повлече во текот на идното лето.

- Advertisement -

Требаше да поминат децении, но научниците сега веруваат дека знаат за што станува збор. Со анализа на сателитските снимки истражувачи од Универзитетот Њујорк во Абу Даби открија дека овие привремени дупки, познати како полинии, изгледаат како псоелдица на циклонски бури. Истражувањето ја опишува ситуацијата во која во септември 2017 година на јужниот пол се судриле топла и ладна воздушна струја. Настанатите вртлози кои се движеле со неверојатна брзина од 117 км/ч и ги подигнале брановите на 16 метри имале ефект како да удрила некоја џиновска дупчалка и го расфрлила ледот а сите страни.

Кога еднаш ќе се отвори таква дупка, дејствува како прозорец во мразот и пренесува огромна количина енергија меѓу океанот и атмосферата. Поради својата големина, овие дупки може да влијаат на климата на регионално и на глобално ниво затоа што ја менуваат циркулацијата на океанот. Тоа значи дека можат да влијаат на регионалната циркулација во атмосферата, на глобалната циркулација, на својствата во далбоките и долните антарктички води, но и на внесто на јаглерод диоксид во океаните.

- Advertisement -

Со оглед на сега докажаната теза за врската меѓу овие дупки и циклоните, можеме да очекуваме дека во иднина ќе се појавуваат почесто поради се поинтензивните циклони.

Сподели!
- Advertisement -