IBM ги повикува програмерите од целиот свет да направат решенија за заштита од катастрофи и непогоди

- Advertisement -

IBM и партнерите ја покренаа глобалната иницијатива Call for Code. Овој амбициозен проект треба да ги обедини сите стартап компании, академската заедница и софтверските компании заедно да се спрoтистават на еден од најголемите проблеми на денешницата – природните катастрофи.

Во текот на воведниот говор на VivaTech конференцијата во Париз претседателката на управата и извршна директорка на IBM, Џини Рометри, ја повика светската технолошка индустрија на заедничка акција со која треба да се оствари подобра иднина за човештвото, пишува Zimo.

- Advertisement -

IBM ќе подари 30 милиони долари во текот на наредните 5 години во рамките на глобалната иницијатива Call for Code. Целта на иницијативата е да се обединат програмерите од целиот свет за со помош на технологии како облак, вештачка интелигенција, блокчеин и Интернет на нештата да се развијат решенија кои на човештвото ќе му овозможат подобро да се спротивстави на предизвиците од природните катастрофи, разните непогоди и други екстремни случувања.

Ние во IBM секојдневно ги користиме бенефитите на технологијата за вештачка интелигенција, блокчеин, Интернет на нештата и работа во облак за да добиеме максимални ефекти во работата. Сега со иницијативата Call for Code ги повикуваме сите програмери од светот да ни се придружат и истите тие врвни технологии да ги искористат за креирање решенија кои ќе им помогнат на луѓето“ изјави Боб Лорд, директор на IBM на дигиталниот сектор.

- Advertisement -

Организациите Call for Code, IBM и David Clark Cause се здружија со Обединетите нации во нивните проекти за промовирање на човечките права и хуманитарнит акции. Организацијата  Call for Code во иницијативата го вклучи и американскиот Црвен крст, кој на нови начини ќе им дава помош на жртвите од катастрофите. Тоа е исклучително важно особено по 2017 година, која е означена како најлоша година во историјата според количината и опсегот на природните катастрофи на планетата. Никогаш во историјата во текот на една година се немаат случено поголем број поплави, пожари, потреси, бури и други непогоди.

Програмерите кои сакаат да се вклучат во програмата можат веднаш да се регистрираат на сајтот на Callforcode.org. Проектите можат да ги пријават поединци или тимови со максимум 5 члена до 18 јуни годинава. Потоа ќе бидат избрани 30 полуфиналисти, а жири составено од најпознатите икони на технолошкиот свет ќе го избере победникот. Името на победникот ќе биде објавено во октомври 2018 година во текот на церемонија за доделување награди која ќе се пренесува во живо преку Интернет.

Сподели!
- Advertisement -