Најкраткиот меѓународен лет трае само осум минути

- Advertisement -

Само осум минути трае летот на најновата авио-линија од Аруба, карипскиот остров под суверенитет на Холандија до градот Пунто Фихо во северниот дел на Венецуела. Летот веќе е прогласен за најкраткиот лет во меѓународниот сообраќај.

Линијата ја пушти авиокомпанијата „Аруба ерлајнс“, а растојанието помеѓу двата аеродроми е само 80 километри. Авиокомпанијата за оваа кратка линија го избра Bombardier CRJ200, најбрзиот авион.

- Advertisement -

Летовите на експресната авио-линија ќе се извршуваат два пати неделно – понеделник и петок – а најевтината карта ќе чини околу 200 долари.

Пред повеќе од една година, беше згасната досегашната најкратка  авио-линија, помеѓу Алтернхајн во Швајцарија и Фридрихшафен во јужна Германија. Австриската компанија „Пиплс Виеналајн“, кој го одржуваше летот од 8 минути со авионот Embrair 170, на тој чекор се одлучила поради слабиот интерес на патниците.

Сподели!
- Advertisement -