Amazon ја снима најскапата серија во светот

- Advertisement -

Серијата на Amazon која ќе претставува претпродолжение на филмската трилогија „Господар на прстените“, според сите најави, изгледа ќе биде најскапата серија на сите времиња. Деталите за серијата, која уште нема име, полека почнуваат да се објавуваат, Една од досега познатите информации е дека дејството ќе биде сместено во Средната земја.
Ова нема да биде римејк или нова верзија на приказната која ја гледавме во познатата франшиза. Она што е извесно е дека Amazon платил 250 милиони долари само за да ги откупи правата за екранизација, а додека заврши продукцијата на првата сезона веќе ќе бидат потрошени најмалку милијарда долари.
Треба да се земе предвид и фактот дека овој гигант се обврзал на продукција на најмалку пет сезони на серијата, Деталите за дејството се чуваат во најголема тајност, но некои ситници им беа откриени на фановите како тоа дека можеби во серијата ќе биде откриено создавањето на Прстенот на моќта.
Уредникот на филмовите, Питер Џексон, неодамна изјави дека нема да иима никаква врска со серијата, но и понатаму кружат гласини дека дефинитивно ќе биде дел од серијата. Засега не е откриен датумот на премиерата на серијата, но се укажува на тоа дека ексклузивно може да почне да се емитува на Amazon во текот на 2021 година.

Сподели!
- Advertisement -