Денес почнува второто издание на ФИНКИ Industry Learn&Talk

- Advertisement -

Од денес до четврток се одржува вториот ФИНКИ Industry Learn & Talk настан кој е поддржан од Intertec, Seavus, ITLabs, Kiwi, DoXteam и InPlayer

Вториот ФИНКИ ILT ќе биде насочен кон споделување на искуствата во областа на DevOps. Компаниите, заедно со ФИНКИ, ќе ги презентираат своите искуства во насока на автоматизација на процесите на развој, тестирање и продукциска околина, како и користењето на различните алатки и платформи.

Покрај говорите, ќе има простор и за неформален дел на кој ќе може да се разменуваат искуства и ќе има простор за дружење и поврзување со колегите.

- Advertisement -

Целта е настаните е да претставуваат заеднички простор, каде ќе се разменуваат искуства, ќе се промовираат технологии и ќе се споделува знаење меѓу компаниите. ФИНКИ останува отворен за ИКТ компаниите да предложат теми за идните настани како и активно да се вклучат во истите со свои експерти.

Првиот ваков настан посветен на cloud технологии се одржа во февруари. На Cloud Days тогаш се разговараше и за различните видови на cloud технологии и нивната импликација во оваа индустрија.

- Advertisement -

За повеќе информации за настанот и програмата, посетете ја официјалната веб страница на следниов линк.

Сподели!
- Advertisement -