Coca-Cola започна да произведува алкохолни пијалаци

- Advertisement -

Една од најголемите светски компании за производство на пијалаци почна да експериментира со алкохолни појалаци пред три месеци така што ароматизирана газирана вода помешаа со јапонски шпирт. Coca-Cola и официјално почнува да произведува алкохолни пијалаци, односно три верзии на пијалаци на пијалакот Lemon Do, кој го претставија во Јапонија и наидоа на одлична реакција. Како што пишува Fox News, една лименка од пијалакот ќе чини 1,40 долари.

Ова е прв пат во својата 132-годишна историја Coca-Cola да продава алкохол. „Oва е добар пример како ги искористуваме приликите и надвор од нашиот основен бизнис“ изјави Хорхе Гардуно, претседател на Coca-Colа Japan.

- Advertisement -

Coca-Cola ќе се здружи со јапонската компанија Suntory, една од најголемите компании за производство на алкохол која го произведува пијалакот Chu-Hi со 3%, 5% и 7% алкохол. Со новите освежувачки пијалаци со вкус на лимон сака да допре со помладите жени.

Гардуно нагласи дека новиот пијалак веројатно засега ќе остане на јапонскиот пазар, но додаде дека глобално не е невозможно безалкохолните пијалаци да се продаваат по истиот систем како алкохолните. Сепак, на социјалните мрежи нема толку одушевување од новите пијалаци, најмногу затоа што се промовираат како наменети за млади жени.

- Advertisement -

Но, ова е прв пат компанијата сама да произведува алкохолни пијалаци, па тој пазар им е непознат. Имено, во 1977 година ја купија компанијата Wine Spectrum, која продава фини вина, но ја продадоа неколку години подоцна.

Сподели!
- Advertisement -