Nokia претстави нови паметни телефони

- Advertisement -

Компанијата HMD Global, која има лиценца за користење на брендот Nokia, може да бие исклучително задоволна со успехот кој го остварија на пазарот во текот на минатата година, а на вчерашната конференција претставија три нови модели, односно наследници на минатогодишните уреди, пренесува Zimo. Новите телефони имаат поголеми екрани, уште подобар хардвер и чист Android. Телефоните Nokia 2.1, 3.1 и 5.1 се од ниска и средна категорија, а корисниците освен со хардверот ќе ги привлечат со пристапната цена.

Од компанијата велат дека новите уреди покрај пристапот до најновите услуги на Google како Google Аsѕistent носат и чисто, сигурно и секогаш ажурирано Android искуство со Android One и Android Go во комбинација со врвната изработка, дизајн и перформанси.

- Advertisement -

Nokia 2.1
Најевтиниот модел Nokia 2.1 има поголем екран од претходниците – 5,5 инчи, HD резолуција, процесор Snapdragon 425, 2 GB RAM и 8 GB меморија за складирање податоци. Задната камера има 8 мегапиксели, а предната 5 мегапиксели. Батеријата има доста голем капацитет од 4.000 mAh и во комбинација со моќниот процесор ќе овозможи телефонот да не мора да се полни 2 дена. На одредени пазари ќе се најде во продажба од јули по цена од 115 долари.

Nokia 3.1
Овој модел е многу битен за HMD Global затоа што станува збор за нивниот најуспешен и најпродаван телефон. Новата генерација доаѓа со помоќен хардвер и HD+ екран од 5,2 инчи. Процесорот е Media Tek 6750, има 2/3 GB RAM и 16/32 GB простор за податоци. Задната камера е со резолуција од 13 мегапиксели, а предната од 8 мегапиксели. На пазарот ќе се најде во јуни по цена од околу 160 долари за верзијата со 2GB и 16GB меморија и околу 195 долари за верзијата со 3GB и 32GB меморија.

- Advertisement -

Nokia 5.1
Ова е најмоќниот телефон кој го претстави Nokia вчера. Екранот има 5,5 инчи и резолуција од 2160 x 1080 пиксели. Задната камера има 16 мегапиксели, додека предната има 8 мегапиксели. Оперативниот систем е Android One (8.0 Oreo), додека капацитетот на батеријата е околу 3.000 mAh. Процесорот е осмојадрен Media Tek 6755 и доаѓа со верзии 2 и 3 GB RAM, односно 16 GB меморија за складирање.  На страната има сензор за отпечатоци и поддршка за NFC технологија.

Сподели!
- Advertisement -