Цирих е најскапиот град за живеење во светот, најевтин е Каиро

- Advertisement -

Швајцарската банка UBS направи истражување и според неколку фактори, ги рангираше градовите во светот според тоа колку е скапо да се живее во нив во годишниот извештај Prices and Earnings 2018.

Како што пренесува World Economic Forum, во периодот помеѓу јануари и април годинава биле собрани повеќе од 75.000 податоци за цените и платите во 77 градови ширум светот. Врз основа на сумираните податоци, изготвен е извештај, односно рангирани се градовите според тоа колку е скапо живеењето во нив.

- Advertisement -

Прв на листата како најскап град за живеење е швајцарскиот Цирих, додека, пак, последен или град каде што се живее најевтино е египетскиот главен град Каиро. Едни од најскапите градови за живеење кои се рангирани после Цирих се: Женева, Осло, Копенхаген, Њујорк, Токио, Милано, Лондон, Чикаго и Хелсинки. На дното на листата, освен Каиро, се и Лагос, Киев, Манила, Њу Делхи, Мумбај, Ханои, Софија, Мексико Сити и Наироби.

Од градовите во нашиот регион, Софија се најде на 70. место, Љубљана е на 43. место, Атина на 37. место, а Загреб на 35. место.

- Advertisement -

Кога ќе се земат предвид останатите фактори, тогаш Лос Анџелес е оценет како град со најголема куповна моќ за просечна работничка плата, а според овој фактор, Цирих е на второ место, Њујорк на десетто, а Лондон на 23. место.

- Advertisement -

Исто така, UBS пресметала кој од градовите е најдобар за помлади жители или милениумци со фактор моќ за купување на работи кои „мора да се имаат“ како iPhone, лаптоп и претплата на Netflix, па во овој случај најскап град би бил Хонгконг.

Сподели!
- Advertisement -