Основачите на Netflix, FedEx и TripAdvisor се меѓу најплатените извршни директори во САД

- Advertisement -

Во 2017 година некои претприемачи направија купишта пари и станаа едни од најбогатите извршни директори во САД. Но, за многумина бенефитите се многу поголеми од паричната награда. Основањето компанија има свои позитивни страни: автономија, исполнетост, гордост поради успешно остварување на својата визија за животот. Но, освен флексибилноста за одмор, некои претприемачи имаат многу поголеми бенефити.

Според годинашното истражување Equilar 200, кое е годишно партнерство со New York Times и ги анализира највисоките плати и награди за извршни директори на компании котирани на берза во САД со повеќе од 1 милијарда приходи, голем дел од најплатените директори се истовремено и основачи на компаниите. Кој вели дека не може да се меша бизнисот со задоволството? Сајтот Inc.com состави листа со некои од најплатените основачи од топ 200 најплатени извршни директори во 2017 година.

- Advertisement -

1. Волтер Николас Хаули, TransDigm Group: 61 милион долари
Платата на В. Николас Хаули во 2017 година била само 7.000 долари. Немал бонуси. Тогаш како стигна до шестата позиција на листата со најплатени директори? Можеби не го препознавте името, но Хаули е мозокот кој стои зад ТransDigm Group, компанија која е глобален производител на инженерски компоненти за авиоиндустријата. Најголем дел од неговата плата изминатата година дојде од 9,7 милиони долари дивиденда на акции и 51,2 милиони долари од други видови компензација.

2. Стивен Кауфер, TripAdvisor: 43,1 милиони долари
Стивен Кауфер, основачот и извршен директор на TripAdvisor дојде до топ 10 најплатени директори. Тој во 2014 година заработи само 1,2 милиони долари, што беше 96% помалку во споредба со 2013 година.  Иако на цената на акциите на TripAdvisor падна за повеќе од 66% изминатите години, основната плата на Кауфер од 700.000 долари се зголемуваше и годинава повторно доби покачување од 100.000 долари.

- Advertisement -

3. Мартина Ротблат, United Therapeutics: 35,8 милиони долари
Во 2013 година Мартина Ротблат беше најплатена жена извршен директор. Таа е основач и извршен директор на United Therapeutics и во 2017 година платата и се зголеми за 142%, со што се искачи на високата втора позиција меѓу најплатените жени извршни директори минатата година. И покрај тоа што акционерите ја критикуваат поради високата плата, нејзината плата минатата година уште повеќе се покачи поради дивидендата. Ротблат си го сменила полот од машки во женски и моментално е една од само 16 жени извршни директори на листата.

4. Стивен А. Вин, Wynn Resorts: 34,5 милиони долари
Не сите извршни директори добиваат награда за нивната работа преку акциите што ги имаат во компаниите. Казино могулот Стивен А. Вин, основач и поранешен извршен директор на Wynn Resorts, доби други бенефити за својата работа 910.345 долари вредни патувања со компанискиот авион, 71.461 долари попуст на стока и 503.831 долари сума акумулирана со постојана резервација на апартман во ресорт во Лас Вегас. Огромната сума која ја заработи во 2017 година еден просечен работник во неговата компанија ќе ја заработи за дури 900 години.

- Advertisement -

5. Рид Хејстингс, Netflix, 24,4 милиони долари
Како што расте бизнисот на Netflix и неговата пазарна вредност, така расте и платата на основачот и извршен директор Рид Хејстингс. Тој во 2017 година доби покачува од 5% во споредба со 2016 година и минатата година заработи 24,4 милиони долари. Основната плата на Хејстингс е 850.000 долари, а најголем дел од неговите вкупни приходи лани доаѓаат од акциите вредни 23,5 милиони долари. Тој годишно заработува 133 пати повеќе отколку еден просечен работник во Netflix.

6. Фредерик В. Смит, FedEx: 15,6 милиони долари
Извршниот директор и основач на FedEx, Фредерик Смит, минатата година доби помала плата отколку во 2016 година, но сепак е меѓу најплатените директори во САД. Минатата година платата на Смит се намали за 7% и вкупно доби 15,6 милиони долари. Осовната плата му е 1,3 милиони долари, 7,2 милиони долари се бонуси, 6,5 милиони долари се акции, а 513.048 долари се други видови компензација.

Сподели!
- Advertisement -