Вака изгледа Земјата од најнапредниот американски сателит за време

- Advertisement -
Само три месеци по лансирањето во вселената на најнапредниот сателит за време на Американската национална управа за океани и атмосфера (НОАА), под назив Goes-17, тој ги испрати своите први фотографии од Земјата кои сега и се достапни на јавноста.
Ова е линк до првата фотографија. 

 

Иако сателитот имаше неколку проблеми со еден од инструментите, погледот на нашата планета забележан на 20 мај изгледа неверојатно.

- Advertisement -

Goes-17 е испратен во Земјината орбита за да работи заедно со моделот GOES-16, уште еден сателит за време кој НОАА го лансираше во 2016 година.

Двата сателити, кои се дел од таканаречената GOES-R серија, можат да скенираат поголем дел од западната хемисфера од африканскиот брег, па се до Нов Зеланд.

- Advertisement -

Нивните впечатоци од речиси 36.000 километри над Земјата се клучни за следење на урагани, суша, пожари и магла. Покрај тоа, сателитите можат да ни понудат неверојатен поглед на нашата планета.

Ако експертите не успеат да го поправат системот за ладење, ќе разгледаат алтернативни концепти и начини за максимално да се искористат сите можности на сателитот.

Сподели!
- Advertisement -