Томе Главчев, сопственик на македонската текстилна компанија „Ноел“, е избран за бизнис личност во Југоисточна Европа, според одлуката на жирито составено од универзитетски професори и стопанственици во регионот кое му го доделува признанието за долгогодишно успешно менаџирање и освојување на светските пазари.
„Оваа извозно ориентирана и модерно организирана фабрика од Гевегелија, со над 800 вработени, е најдобар пример за „вештините во донесувањето стратешки одлуки, способност да се донесуваат и реализираат визионерски одлуки. Ноел е исклучителен пример на македонско и регионално креирање силен и динамичен економски развој“, се наведува образложението за признанието на Бизнис личност во Југоисточна Европа -2018, што Главчев ќе го прими во Белград на 18 јуни.
Признанието „Бизнис личност има за цел да ја фокусира јавноста на најуспешните претприемачи во Југоисточна Европа“.