Нова студија од Стенфорд потврди дека позитивното размислување ја подобрува работата на мозокот

- Advertisement -

Иако често пати ни се случува да ги исмејуваме постерите со мотивавациони пораки, на изненадување на многумина, овие мотивациони слогани и инспирирачки фотографии сепак може да функционираат.

Научници од Стенфорд неодамна спровеле истражување кое опфатило набљудување на работата на мозокот на ученици на возраст од 7 до 10 години, со цел да видат како нивното однесување кон учењето се одразува на успехот во образованието и заклучиле дека позитивниот став е исто толку важен колку и коефициентот на интелигенција.

Учениците кои имаат позитивен став кон предметите како математика, се поуспешни во тој предмет. Преку истражувањето, научниците од Стенфорд ги анализирале и вештините за математика и однесувањето на 240 деца кон овој предмет. На 47 деца од истражувањето им било направено и скенирање на мозокот со магнетна резонанца додека тие одговарале на основни аритметички задачи.

- Advertisement -

Како што гласела и хипотезата која ја поставиле истражувачите, децата кои имале позитивен став кон математиката и повеќе ја сакале, постигнале подобри резултати, за разлика од децата кои го мразеле предметот кои добиле послаби резултати.

Скенирањето на мозоците на овие деца покажало дека хипокампусот, односно оној дел од мозокот поврзан со меморијата и учењето, бил многу поактивен кај децата со позитивен став кон математика.

- Advertisement -

Научниците изјавиле дека не можат да докажат колку точно успехот во одреден сегмент е поврзан со позитивниот став. „Сметаме дека врската помеѓу позитивниот став и учењето математика е двонасочна. Но, позитивниот став ја отвора вратата кон повисоки успеси што значи дека кога размислувате позитивно, влегувате во круг во кој постојано ќе учите и напредувате.“, изјавил Ленг Чен, главниот автор на студијата.

Многу родители на деца кои имаат потешкотии во училиште, посакуваат да најдат начин да ги поттикнат своите деца да остваруваат повеќе во одредени предмети, а ова истражување покажува дека за тоа постои и начин.

- Advertisement -

Иако во најголем дел е невозможно да ги промените природните интелектуални способности на детето, можете да помогнете да развијат попозитивен став кон одредени наставни предмети и да го пронајдат својот потенцијал.

Сподели!
- Advertisement -