Turkish Airlines прогласен за највреден турски бренд

- Advertisement -

Turkish Airlines – турскиот авиопревозник чиј главен адут е тоа што лета до најмногу дестинации во светот од било која друга авиокомпанија, е прогласен како највреден турски бренд според британската консултантска куќа Brand Finance. 

Како што пренесува Hurriyet Daily News, овој турски бренд моментално вреди повеќе од 2 милиони долари односно зголемување за 6% во однос на минатата година.

- Advertisement -

На второ место е телекомуникацискиот гигант Türk Telekom, кој го загуби првото место откако вредноста годинава му падна за 27% и моментално е проценет на 1,9 милијарди долари. Третата позиција ја зазема  телекомуникацискиот гигант Turkcell со вредност од 1,8 милијарди долари.

Четвртото и петото место се резервирани за приватната турска банка, Akbank, и уште еден приватен кредитор кој делумно е во сопственост на шпанска групација, а нивните вредност изнесуваат околу 1,6 милијарди долари.

- Advertisement -

Вкупната вредност на 100-те највредни турски бренда изнесува 27,5 милијарди долари, и речиси е непроменета во однос на минатата година, иако турската економија оствари раст од 7,4%. Ваквата состојба се должи најмногу на падот на турската лира во однос на доларот.

Сподели!
- Advertisement -