Android добива повеќе од 150 нови емотикони

- Advertisement -

Новата бета верзија на оперативниот систем на Google за паметни телефони Android, носи и група на нови и освежени емотикони.

Меѓу другото, изданието Developer Preview 3 (Beta 2) на оперативниот систем Android P ќе содржи 157 нови и модифицирани емотикони, како и најнова верзија на API, најнови системски слики и друго.

- Advertisement -

Помеѓу новите емотикони ќе има црвенокоси и суперхерои (од двата пола со пет различни бои на кожа), лице со три срца, печиво со сирење, јастог и лама.

Додадени се и родово неутрални опции на постоечките емотикони за семејства и пар со срце, а освежени се и некои од другите постоечки емотикони. Помеѓу овие спаѓаат сланина (која сега ќе изгледа подобро испечена), салата (без јајце за да изгледа како веганска), желка (со нова текстура на оклопот) итн.

- Advertisement -

Новиот оперативен систем Android P е достапен веќе четири месеци, но засега само на Pixel 2, Pixel 2 XL, OnePlus 6 и на уште пет паметни телефони.

Еве за какви промени и нови емотикони станува збор.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -